Услови за користење

Услови за користење

ППЈ.мк (www.ppj.mk) е прототип платформа за фотожурнализам и е дел од проект за валидација на бизнис идеја во медиумите.

Фотографиите кои се објавуваат на платформата се обезбедуваат од автори – фоторепортери преку склучени договори за соработка и регулирани авторски права.

Корисниците на интернет-платформата ppj.mk во текот на тест периодот, а тоа е месец јануари 2025 година, имаат право бесплатно да ги преземаат фотографиите и јавно да ги објавуваат на своите интернет-страници без писмена дозвола од ppj.mk.

Под објавените фотографии преземени од интернет-платформата ppj.mk задолжително треба да стои потпис на авторот на фотографијата и платформата во следниот формат:

Фото: Име и презиме/ преземено од: www.ppj.mk

Фотографиите преземени во овој промотивен период се за еднократна употреба, и тоа само за текстови кои се однесуваат на настанот каде фотографијата е снимена. Повторно објавување на фотографијата во друг текст (публикација) или како илустрација, изрично се забранува.

По истекот на овој период, односно од 1 февруари 2025 година преземањето на фотографиите ќе се врши само со дозвола од ППЈ.мк и со плаќање соодветен надомест за користење врз основа на објавен ценовник.

Тој што ќе архивира и/или објави фотографија по истекот на периодот за тестирање се согласува на авторот на фотографијата да му исплати надомест од 12.000 денари за еднократно објавување на авторско дело во вид на надомест на штета за неовластено користење авторско дело.

За прекршувања на овие услови, интернет-платформата ppj.mk го овластува својот правен застапник да поведе постапка против неовластениот објавувач.

Ниеден дел од објавените авторски дела не смее да се умножува или пренесува во ниедна форма или на ниеден начин, електронски, механички, со преснимување или поинаку, без претходно добиена дозвола од сопственикот/авторот, освен според условите и начинот наведени во овој документ кој е облигаторен за секој корисник на платформата www.ppj.mk.

ППЈ.мк, јануари 2025 година

www.ppj.mk сите права се задржани.

Контакт информации:

  • infoppjmk@gmail.com